НАЈУБАВИТЕ МАКЕДОНСКИ ДЕВОЈКИ ВО АКЦИЈА

Викендов во Форца организиравме хуманитарен турнир во одбојка на плажа. Учествуваа познати девојки од јавната сцена меѓу кои Марјана Станојковска, Ана Стојановска, Ивана Илиевска, Бона Пауновска, Флора Шабани, заедно со едни од најдобрите и најзгодни одбојкарки во Македонија, а “тешката” задача да биде судија (иако од време на време влегуваше и во терен) ја имаше Жаре.
Гуте Фрухте донираа речиси еден тон сокови од нивниот асортиман за социјално загрозени семејства, а пред почетокот на турнирот го објавија почетокот на седуммесечниот проект “Создаваме Заедно” кој го прави заедно со Црвениот Крст на град Скопје и кој е наменет за слепите и слабовидни лица.
Од Гуте Фрухте ги повикаа и другите компании да го следат нивниот пример и на дело да се покажат со вакви хумани активности. Во меѓувреме, за нив оди едно големо БРАВО, а за вас препорака веднаш да ги пробате одличните сокови на Гуте Фрухте доколку сеуште не сте го сториле тоа.

slika3_M1

slika4

slika5

slika6

slika10

slika11

slika13