Адидас од пештерата на Аладин (видео)
Неверојатна приказна од истражувачкиот тим на Адидас. Тие дојдоа до неверојатна ризница на патики, односно до безброј стилови кои веќе со децении не се произведуваат и се исчезнати од своите архиви. Поставени високо во прашливи кутии од подот до таванот во продавница во Буенос Аирес во сопственост на 75-годишниот Карлос.
Чевлите таму биле недопрени 30-тина години, некои се во подобра состојба од другите. Случајно, некој испратил фотографии од пештерата на Аладин до Адидас во Велика Британија, а тимот веднаш се качил на авион и правец Буенос Аирес на незаборавно патување во минатото.
Погледнете го документарецот и вратете се неколку децении наназад.