Академија за пиво. Да, да, пиво…
Па време беше да научиме нешто повеќе за пијалокот од кој трошиме литри и литри во канцеларија! Прилепска Пиварница на своите деловни соработници им понуди тотално несекојдевна можност – да станат академци по пиво! 🙂
Жаре го модерираше настанот, а извонредна серија предавања одржа специјалниот гостин од Германија, д-р Михаел Зеф. Се пробаа 8 различни типови на пиво, од најслаби до најсилни, со најразлични вкусови и ароми.
Откако убаво се напија, присутните одржаа натпревар во пеење стари германски фолк песни. Се шегуваме, секако! Или не… 🙂