Ако не го памти спотов, мала е за тебе
Ја памтите ли оваа хит реклама? Пред десет години, Тони Зен ја израпува песната „Мк кола“, а интересна екипа беше вклучена во спотот. И Жаре беше дел од неа.
Спотот го прави оригинален појавувањето на рок-легендата Симеон Иванов- Канго, но и уште една жива легенда, струмичкиот пејач Коста Бургов, познат по монтажите на неговите фотографии со светските филмски диви. Потсетете се на ретро хитов и ѕирнете уште кои други ликови се во него. Оние кои за прв пат го гледаат нека не се чудат, стар е една деценија.