Анџелина или Алисија, прашање е сега
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на новото продолжение од приказната за Лара Крофт, „Томб Раидер“.
Вечерва во киното Cinplexx ќе биде премиерата „Томб Раидер“, новото продолжение на приказната за Лара Крофт со Алисија Викандер во главната улога, наспроти Анџелина Џоли во 2001 и продолжението во 2003, филм на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х. Според досегашните реакции меѓу фановите, конечно филм кој е исто толку добар како и играта.
- Овој проект ќе биде интересен да се погледне бидејќи Томб Раидер се филмови правени според видео игра, и тоа видео игра која го држи рекордот за најуспешен човечки карактер. Гејмерите се остри критичари кога се прави филм според игра, и овојпат, убаво е да се чуе дека критиките се, но најдобро е да погледнете и да оцените сами – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент.
Компанијата на овој проект се работеше од октомври до јануари оваа година.