Антониа откри на која песна се вљубила во Иван
Својата омилена песна, Антониа Гиговска ја испеа во Еден на Еден. Баладата од Лидија Кочовска, „Ти си тој“, што и самата Лидија ја изведе лани, кога беше гостинка во Божиќниот специјал во Сезона 10, ја бендиса Жаре, а и публиката во студиото.
Антониа откри зошто оваа песна ја врзува за нејзинито дечко, пејачот Иван Јованов и како се запознале. Меѓу многуте приказни, пејачката раскажа и за изненадувањето што му го подготвила на Иван, а за прв пат во живо, ја промовираше и својата нова песна „Крива сум“. Антониа, заедно со судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, гледајте ги кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.