Азески открива: Што дава Берлускони кога е расположен
Бранко Азески, човекот кој 30 години е во врвот на македонскиот бизнис, неделава сподели дел од неверојатните случки кои ја одбележале неговата кариера. Во Еден на Еден го пречекавме по повод 100 години Стопанска комора, на чие кормило е веќе 15 години, но зборувавме за неговите бројни искуства.
Од времето кога беше претседател на југословенската младина и дружбата со едни од денес најмоќните луѓе во регионот, преку менаџирањето на „Александар Палас“ и сите ВИП гости кои ги пречекал таму, до сите планови кои ќе ги оствари во Стопанската комора.
Азески ни отри што дели Берлускони на музиката кога е расположен, како реагирал Бекам кога видел класично македонско земање на невестата, што нарачува Мило Ѓукановиќ во кафана и како секоја година си одат по родендени.
Ако сте ја пропуштиле на Канал 5, гледајте ја онлајн Еден на Еден епизодата со Бранко Азески.