Бесплатни совети од Рамбо против лошо расположение
Легендарниот црногорски музичар, текстописец и сценарист Рамбо Амадеус со вистинско име Антоније Пушиќ, напиша интересен Фејсбук статус на тема: како да го поправиме своето расположение.
„Секој човек поминува низ фаза на очај, неуспех, тага, разочарување, страв. Еве листа на активности која можете да ја направите сосема бесплатно или крајно ефтино за да го поправите своето расположение:
1. Наутро, штом се разбудиме, лимонада од половина лимон.
2. Потоа тегнење, лесна гимнастика.
3. Наутро, избегнувајте читање на сите видови на вести- изберете само еден извор, портал кој е студен, без многу емоции во пренесувањето на вести.
4. На социјалните мрежи, престанете да ги следите сите оние кои се занимаваат со проблеми и оние кои не нудат никакво решение.
5. Одиме на прошетка- чекорењето е запишано во нашите гени, многу помага.
6. Разменете ги старите работи со пријателите, алати, облека, тоа е забвно и корисно.
7. Поправете ги работите по дома, се исплати, го подигнува расположението.
8. Читајте книги, верувате ми, покрај многуте здодевни има и такви кои се интересни.
9.Следете го научниот портал space.com
10. Кога и да се сетите, дишете полека и длабоко. Кислородот е основно гориво, добро влијае на расположението. Научно проверено на личен случај.
12. Возете велосипед.
13. Јадете помалку месо.
14. Подарете го она што не ви треба. Непотребните работи само завземаат простор во мозокот, тоа е поскапо.
15. Сакајте некого или нешто- бесплатно е и ќе се чувствувате добро.
16. Пријавете се за обука за возење чамец. Никогаш не сум сретнал некој што плови, а е депресивен.“, напиша мега царот Рамбо.
Размислете кои од овие негови бесплатни совети можете да ги примените уште веднаш.