Бев против тоа внукот да се вика Ненад: Силвија Стојановска во „Еден на Еден“

Силвија Стојановска, во моментов е актуелна со улогата на Лиле во популарната серија „Фамилијата Марковски“ која се емитува секоја сабота од 19.20 на „Канал 5“ телевизија.

Познатата актерка со долгогодишен театарски и телевизиски стаж оваа недела ќе ја гледаме во „Еден на Еден“, заедно со Александар Микиќ и со Петар Петковски. Микиќ во серијата го глуми нејзиниот сопруг Иван, а Петар, синот Бојан.

Фамилијата Марковски ќе ги гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5

Силвија никогаш не зборува за својот приватен живот, но ексклузивно во „Еден на Еден“ раскажа за својот внук Ненад, синот на постарата ќерка Јана, кој има неполни три месеци. Ненад го доби името по нејзиниот покоен сопруг, бардот на македонското глумиште, Ненад Стојановски, но неговото име има и друга симболика.

„Бев против името Ненад, но тој не изненади сите“, му изјави Силвија на Жаре за внукот кој актерката Јана Стојановска го роди два месеци пред терминот.

Само поради снимањето на „Еден на Еден“, Силвија го одложи патувањето во Букурешт кај ќерката. Ден потоа, таа замина на гости кај Јана. Младата актерка живее во Романија заедно со својот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот. Андрија е инаку црногорски кошаркар кој игра за клубот „Волунтари“.  

И Јана на еден интересен начин ќе биде дел од новата епизода на „Еден на Еден“. Повеќе ќе дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.

М.Џаровска