Дани: Не одам на море, на одмор не сум била неколку години
На Дани Димитровска ништо не ѝ менува отварањето на границите и патувањето без задолжителен негативен ПЦР тест. Пејачката ни раскажа дека на класичен одмор не била неколку години.
Дани годинава нема да оди на море, но во целата криза со коронавирусот, таа најде среќа во несреќа.
„ На класичен одмор не сум била неколку години, оваа година нема да бидат овозможени ни оние неколку викенди на море. Среќа во несреќа е можноста да се посетат нетипичните летни туристички дестинации во нашата земја, како Берово и слични на него“, ни изјави Дани.