Ден без смеење е загубен ден
Се ближи почетокот на четвртиот Балкан Стенд Ап фестивал. Ја искористивме можноста и направивме интервју со двајца од гостите од Србија, Неша Бриџис и Александар Перишиќ кој за прв пат доаѓа во Скопје.
Кога го имавме првиот настап?
Александар: Го памтам денот кога го имав првиот настап. Тоа беше на 04.11.2010, пред повеќе од четири години. Настапував на настап кој го организираше мојата денешна продуцентка Милица Михајловиќ и ја освоив наградата на нов талент. Нема да го заборавам моментот кога ја освоив публиката. Си реков дека можам да живеам од ова
Неша: Првиот настап го памтам по тоа што се плашев да не излезам како некој глупав кретен пред луѓето, но за среќа мислам дека доста им се допадна мојот настап. Оттогаш навака прошетав доста и уживам кога можам да ги забавувам луѓето.
Колку досега настапи сте имале во живо?
Александар: досега 300 настапи во живо, и ете конечно за прв пат во Македонија
Неша: Па два пати повќе од Александар, во овие пет години ми се собраа 600 настапи. Ја прошетав цела Југославија и Европа каде што настапувам пред нашите иселиници и секогаш уживам кога се враќам во Македонија
Како се снаоѓате со дофрлувачите за време на настап?
Александар: Па зависи од ситуацијата. Некогаш има позитивни дофрлувачи со кои е ќеиф да ги уклучиш во настапот. Всушност ти го прават подобар. А оние малициозните е најдобро да ги избегнеш, а секако е најлошо кога ќе се погоди некој пијан. Е тогаш е најдобро обезбедувањето да си ја заврши работата, не заради мене туку поради другите кои дошле да гледаат.
Неша: Па еедноставно се снаоѓам. Ги канам на сцената да дојдат и да ми се приклучат за чудо, никој тоа досега не го направил
Што спремивме за настапот во Скопје:
Александар: Бидејќи сум прв пат, сакам да се покажам и да одам со мојот најдобар материјал. Секогаш уживам кога гледам дека сите екс ју луѓе се смеат на истите шеги. Без дилема доколку бидам добро примен, ќе има и некоја импровизација.