Џамбазов стана дописник за телевизија
Игор Џамбазов стана дописник за телевизија, од неговото омилено Сретеново- Дојранско, каде што го помина целиот карантин и ќе остане цело лето.
Џамбазов во свој стил, утрово се јави од од својот Инстаграм профил, и раскажа за состојбата во Дојран, претставувајќи се како дописник на „Инстаграм телевизија“.
„ Денес се отвори Сретеновската плажа, а за некој ден и „Николиќ бич“. Во Нов Дојран кај Истатови се чекаат спортистите на припреми, во Стар Дојран, „Фук так“ работи како во најдобрите денови, а тука во Сретеново, „Гранико“ сјае. Замислете сето ова да беше вистина“, рече Џамбазов.
Кога беше гостин во новогодишната Еден на Еден, Џамбаз рече дека конечно ја нашол формулата за пристојна заработка, а тоа е Инстаграмот.