Добро вечер, ми треба господин Жељко
Нашиот пријател Жељко Самарџиќ гостувал во Еден на Еден неколку пати. Всушност, и едниот и другиот Жељко. И оној со брада, и оној без брада. Првата објава на нашиот Инстаграм профил беше настапот на Жељко и Жаре во Еден на Еден во 2014 година.
Жељко ни дојде и лани, и пак во дует со Жаре ја слушнавме „Грлица“, ама со оној Жељко, со брада.
Сега, Жељко Самарџиќ повторно е со стариот имиџ. На сликата која ја објави на неговиот Инстаграм профил со сопругата Маја, во свој стил коментирал Игор Џамбазов: Добро вечер, ми треба господин Жељко. Пофалба за новиот имиџ му дала и Калиопи.
И Жељко со брада и Жељко без брада се секогаш добредојдени во Еден на Еден.