Еден на Еден – 10 години, 10 сезони!

Емисијата „Еден на еден“ ја почнува својата 10 сезона. Од студиото со црни завеси во А2 и еден навидум обичен тв- проект осмислен од Жарко Димитриоски, „Еден на Еден“ денеска е супербренд и единственото
вечерно телевизиско шоу кое една деценија успешно опстојува во македонскиот етер.

Преку А1, МКЦ , Алфа, Телма и Канал 5, со преку 230 епизоди и 300 гостувања на домашни и странски ѕвезди, јавни и нејавни личности, со многу скечеви, смеење, музика и илјадници минути на квалитетно
исполнет контент, „Еден на еден“ ја започнува и следната приказна наречена сезона 10.

Во освежено студио, со нова музичка поддршка од фантастичниот Харе бенд, со многу ентузијазам и идеи за следните триесетина епизоди, тимот на Жарко Димитриоски синоќа го започна снимањето на првите
епизоди.

Како што е редот, почнуваме со легендарниот Гоце Тодоровски и со посебен поздрав до човекот со кого се уште растат генерации – Ванчо Петрушевски. Се дружевме и со новиот музички хит, дечките од „Дупер“ и
не заборавивме на крај и самите да запееме нешто.

И оваа година следете ја „Еден на Еден“ секоја недела. Се гледаме на 21 октомври од 18:30 часот на Канал 5.