Еден на Еден на Ads of the World!
Со особена чест и задоволство може да ви кажеме дека нашата маркетинг агенција вчера се најде на најпознатиот светски вебсајт за маркетинг и креатива, Ads of the World.
Имено, кампањата што ја изработивме за нашиот клиент “Monza energy drink”, се појави на насловната страница на Adsoftheworld.com, сајт на кој се изложени најквалитетните моментални проекти на најдобрите светски адвертајзинг агенции, a ние ова ќе го искористиме како мотивација да продолжиме со исто темпо, покажувајќи им дека и Македонија може да е рамо до рамо со џиновите од светската маркетинг индустрија.
Видеото за нашата кампања можете да го погледнете директно на Ads of the World доколку кликнете ТУКА.