Еден на Еден специјал со Жан Митрев: Не стојам позади диетата која наводно лечи рак
Неколку пати се обидов да ја демантирам диетата која го носи моето име, но социјалните мрежи го направија своето, вели доктор Жан Митрев во специјалната емисија на Еден на Еден.
Кардиохирургот, кој има 30 години искуство и повеќе од 15 илјади операции на срце пзади себе, со Жаре зборуваше за здравиот живот, исхраната, стресот. Раскажа колку време е потребно да се стане Жан Митрев и што значи да си кардиохирург.
Слушнете многу приказни и неочекувани анегдоти во Еден на Еден специјалот, кој веќе е достапен на Јутјуб.
Во недела од 18:50 на Канал 5, во студиото на Канал 5 ќе ги гледаме најпознатите македонски јутјубери GP и Steffonator и нашите евровизиски претставници Eye Que.