Еден на Еден во друштво на најголемите маркетинг агенции
Чест ни е да соопштиме дека креативниот директор во нашата агенција ќе биде единствен македонски преставик оваа година на панелите во рамки на најпознатото регионално маркетинг случување – Weekend Media Festival во Ровињ, Хрватска, од 22 до 25ти септември.
Како што напиша порталот Маркетинг 365, Жаре ја продолжува традицијата на претставници од најуспешните македонски маркетинг агенции. Па така, по Публицис, Меккен и Њу Момент, годинава е ред на Еден на Еден.
Ова е деветти пат како се одржува настанот на кој редовно учество земаат врвните луѓе од најголемите маркетинг агенции и медиски куќи на балканот и пошироко.