ЕСО – Единицата за специјални отворања од Влада доаѓа во Еден на Еден
Со труби и плеџ музика ќе биде отворена новата епизода на Еден на Еден. Мешевски кај Жаре ја донесе ЕСО – Единицата за специјални отворања од Влада.
Во Еден на Еден неделава гостуваат и авторите на најпродаваните книги на Балканот во моментов.
Контроверзниот Марко Видојковиќ, авторот на „Сите црвенкапи се исти“, ја промовира неговата нова книга „Е баш ви фала“, во која СФРЈ не се распаднала и сега е најдобрата земја во светот со има супернапредна технологија, супернапредна наука…
Видојковиќ во Еден на Еден прави споредба меѓу нашите и српските политики, посебно во делот на Законот за трето дете, фискалните сметки, Скопје/2014 наспроти Белград на вода.
Славица Скваер, пак, е првиот тренер за невролингвистичко програмирање на Балкнаот. Станува збор за интересна техника која и помогнала и неа лично да го надмине распадот на бракот.
Сѐ на сѐ, доста интересна и сосема поинаква Еден на Еден нѐ чека во недела од 18:50 на Канал 5.