„Фчерашни новости“ епизода број 4
Експертите од Машинскиот факултет конечно го пронајдоа решението за тоа како да се повлече аболицијата од претседателот Иванов, мерка што исклучително многу ѝ се допадна на публиката. За што се работи, дознајте од новите „Фчерашни новости“.
Новата, четврта по ред епизода на хумористичната емисија е една од најдобрите досега. Овојпат со многу повеќе прилози од обично, погледнете што ви подготви целиот тим на „Фчерашни“.
Следната епизода, пак, веќе се снима. Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на Фејсбук и на Инстаграм.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, познат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.