„Фчерашни новости“ епизода број 5
По долго време синхронизација во Парламентот – што се се зборува во Собранието кога претседателот ќе ти го прекини летниот одмор. Тука е и новиот суперхерој Суприм џаџмен, а ќе ви кажеме како може да си се земеш сам со себе, кога невестата не сака да ти дојде на свадба.
Петтата (јубилејна) епизода на „Фчерашни новости“ веќе може да се погледне на „Јутјуб“.
На „Јутјуб“ погледнете ги и сите досегашни скечеви, а на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ фотографии и новости од снимањата на новите епизоди.
Пишете му и на Спиро Енергија на: spiroenergija69@yahoo.com
Следната епизода погледнете ја во недела, 29 мај, во 19:10 на телевизија „Телма“.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.