Фчерашни новости: Сезона 2 епизода 2
„Фчерашни новости“ ексклузивно го пренесуваше митингот на најголемата партија во Македонија, а во втората епизода со нас повторно беше Климе Охридски, лидерот на Неопределените.
Неговиот лик и дело отсега може да ги следите и на неговата официјална страница на „Фејсбук“.
Подоцна, специјалните гости, Драган Градулович и Мирко Паркобранец, имаа одлична дебата за „Урбаната VS неурбаната мафија“.
Се анализираа и спотовите на останатите партии за претстојните избори, а и овој пат имаше вклучување во живо од дијаспората.
Се на се, подгответе се за 30 минути на одличен хумор и сатира во епизодата број 2, која веќе може да се погледне на „Јутјуб“:
Следната епизода на „Фчерашни новости“ ќе може да ја гледате на истото место, „Телма телевизија“, во истото време – во недела во 19:10 часот.
Дотогаш, посетете ги нивните официјални страници на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“.