Глобко Подарува
Глобко Логистик е еден од нашите најценети клиенти. Нивната основна цел е навремена и квалитетна достава на пратки до сите Вас. Имајќи го во предвид успехот кој компанијата го постигна низ годините, без дилема оваа компанија е најдобра на полето во кое работи.
Кампањата “Глобко Подарува” е комплетно BTL решение на тимот на Еден на Еден. Досега со неколку модификации ја повторуваме три пати и тоа на повеќе локации. Основна цел на оваа кампања е да ги запознаеме потрошувачите со услугите кои ги нуди компанијата т.е. со брзата и ефикасна достава на пратки
Токму поради тоа, заедно со Глобко и нивните клиенти ја организиравме акцијата на следен начин: Нашите презентери им понудија можност на потрошувачите да видат како Глобко функционира… Им овозможивме да одберат бесплатен подарок за нивните најблиски и сами да ја пополнат доставницата и да испратат подарок преку тимот на Глобко. На тој начин на директен начин покажавме со каква ефикаснот фукционира нивниот тим. Неколку илјади луѓе досега беа опфатени со овие наши BTL кампањи. Мноооогу насмеани лица 🙂