Голден Арт со признание за македонски квалитет
Под покровителство на претседателот на Република Македонија, Сојузот на стопански комори (ССК) ги додели признанијата „Македонски квалитет 2015“.
За тоа кој ќе ги добие признанијата „Македонски квалитет 2015“ одлучуваше комисија составена од членови на кабинетот на претседателот на Република Македонија согласно прецизно утврдени критериуми. Внимателно беа селектирани македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање македонски бизнис идентитет и се амбасадори на македонскиот квалитет на национално и глобално ниво.
Единствена градежна компанија која се закити со престижната награда е Голден Арт, тим кој со својот висок квалитет сериозно се издвојува од конкуренцијата на нашиот пазар. По 10 годишна работа и над 55 комплетирани објекти, ова е црешата на шлагот за оваа 2015 година во работењето на Голден Арт, година во која уште еднаш ги кренаа стандардите за градење во Македонија.
“Признанието е доказ дека сме на вистинскиот пат, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму” порача генералниот директор Ивица Јакимовски при своето обраќање пред Претседателот и присутните.
Во меѓувреме Голден Арт ја започна изградбата на новите згради во општините Карпош и Кисела Вода. Извореден квалитет на градба и врвна енергетска ефикасност која се постигнува со добар проект и со проверени градежни материјали. За повеќе информации околу понудите на станови посетете ја веб страницата goldenart.mk или закажете средба со агентите за продажба.