Гоце Toдоровски: Кога мислам на Ванчо мислам на солзи
Кога мислам на него мислам на солзи. Ова за неговиот колега и долгогодишен пријател Ванчо Петрушевски го призна Гоце Тодоровски.
– Заедно бевме 54 години, повеќе бев со него отколку со себе – вели Тодоровски.
Легендарниот актер, со кога растат генерации и генерации, ја отвори десеттата сезона на најпопуларното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“. На каучот кај Жарко Димитриоски, Гоце зборуваше за златните времиња на театарот, за состојбата во Драмски театар и многу други анегдоти.
Иако покрај него требаше да гостува и уште една легенда, Благода Чорески, поради здравствени проблеми тој овојпат не дојде во студиото на „Еден на Еден“. Во телефонскиот разговор со него, Чоре кажа дека е добро иако му претстои операција по нападот на хернија, но наскоро ќе гостува во живо.
Во првата епизода од сезона 10 гостуваа и фантастичните „Дупер“, новиот музички хит во Македонија.
Ова и многу повеќе во првата „Еден на Еден“ која веќе може да ја гледате и на „Јутјуб“:
Гледајте „Еден на Еден“ секоја неделa од 18:30 на Канал 5. На големо задоволство на публиката, во следната епизода ќе гостува балканската ѕвезда Здравко Чолиќ.