Грета мириса подобро од Ди Каприо: Тамара од Медена земја во Еден на Еден
Тетарот Долби, каде што се одржуваат Оскарите, во живо не изгледа толку гламурозно како на ТВ, открија режисерката на документарецот „Медена земја“ Тамара Котеска и кинематографот Фејми Даут во Еден на Еден. Епизодата што со голем мерак ја подготвивме ќе ја гледате во недела, на Канал 5 од 18.30.
„Луѓето сигурно ги интересира нешто за Леонардо Ди Каприо. Како мириса Ди Каприо?“, ја праша Жаре Тамара која со екипата, неколку дена пред Церемонијата се фотографираше до Ди Каприо и Грета Гервиг, актерката од „Малите жени“.
„ Грета мириса поубаво од Ди Каприо“, рече низ насмевка Тамара. Во истата епизода, освен многуте приказни од екипата која сите нѐ направи горди, ќе гледаме и специјален рап кој Жаре го подготви за екипата, но и интервју со Новак Ѓоковиќ за Еден на Еден.