Гуте Фрухте – официјално најпродаван!
Со гордост можеме да се пофалиме дека само неколку месеци по лансирањето, сокот Гуте фрухте за кого работи нашата мала маркетинг агенција, стигна до самиот врв на најпродавани сокови! Имено, во месец август, кога исклучително многу се пијат вакви пијалоци, “Мултифрут” вкусот на Гуте Фрухте беше најпродаван сок во маркетите на најголемиот малородажен синџир во Македонија, Тинекс. Одличната продажба продолжува и натаму, па високите позиции на целиот бренд се задржани и во текот на септември.
Накратко, зошто успеавме со Гуте Фрухте да постигнеме вакви резултати за неверојатно кратко време?
- Гуте Фрухте се прави по швајцарски рецепт од најголемиот мајстор за вкусови во светот, швајцарски Givaudan , компанија која го држи приматот за најдобра во нејзиното поле – создавање квалитетни рецептури за врвни брендови.
- Ценовното позиционирање покажа дека може да се има квалитетен производ кој нема да бркне длабоко во Вашиот џеб. Сокот е пакуван во еколошка Тетрапак амбалажа со FSC стандард, што значи дека за секое исечено дрво при производството се наседени доволен број на дрва за да не се наруши балансот во природата.
- Исклучително важна е и општествената ангажираност. Гуте Фрухте го отвори првиот клуб за деца со оштетен вид во училиштето за слепи лица “Димитар Влахов”, набави два Брајови печатачи, еден компјутер со специјализиран софтвер и помогна во решавањето на дел од проблемите на овие лица.
Направивме “Ice Bucket Challenge” кој се надеваме Ви се допадна и Ве насмеа. Со намера да ги потикнат и другите компании да бидат хумани, Гуте Фрухте притоа донираа 30.000 денари на момче на кое средствата му беа повеќе од потребни. За најзагрозените социјални категории граѓани пак, донираа речиси два тона нивни производи.
Наскоро започнува и производството на исклучително квалитетните 100% Гуте Фрухте сокови со вкус на портокал и боровница (вкус кој за прв пат се воведува во асортиманот). Последно, но не и небитно, Гуте Фрухте соковите се без конзерванси, без вештачки бои и ароми.
Уживајте! 🙂