Ѓоко Хаџиевски и Анастасија Буџиќ
По пауза од десетина години Ѓоко Хаџиевски е повторно во Македонија, но само за кратко.
Времето го искористи и за интервју со Жаре, каде зборуваа за неговиот живот како тренер во Јапонија, Азербејџан и Саудиска Арабија, за неговата авантура кога поради тамошните закони во врска со странските пасоши за малку ќе завршел во саудиски затвор, а секако и за моменталната состојба во македонскиот фудбал и гласините дека повторно ќе биде селектор на репрезентацијата. Потоа погледнете го дуелот помеѓу Ѓоко и Жаре во вечното дерби „Ел Класико“ на PES на X-Box.
Во вториот дел од шоуто, гостинка ќе биде единствената девојка од овие простори која може да се пофали со насловни страни за едни од најпознатите светски плејбој изданија, белграѓанката Анастасија Буџиќ.