Холивуд почнува да се рекламира на различен начин
Стандардниот маркетинг рецепт на Холивуд порано беше, кампањата за филмот да започне шест недели пред премиерата. Немаше премногу замарање, се одеше на класични кампањи и принтови и луѓето си заминуваа во кината.
Со појавата на новите медиуми се менуваат и овие кампањи. Промоцијата на филмовите започнува многу порано. Се со цел да се поттикне поголема дискусија и да се зголемат очекувањата и желбата филмот да се гледа.
Типичен пример е филмот 50 нијанси на сиво, кој делува како да е веќе во кино салите, а тој излегува дури во 2015 година. Но веќе има 2 милиони лајкови и веројатно добар дел од нив очекуваат да го видат во кино салите.
Друг пример е кампањата која ја направи студиото што го работеше филмот Тајниот Живот на Волер Мити. Беше ангажиран еден блогер Кејси Нејстат, кој имаше идеја парите за видеото да ги потроши како помош за луѓето од Филипини кои настрадаа во разорниот тајфун. Наместо на некој друг начин, 25,000 долари отидоа како помош. Три милиони и повеќе го виделе ова видео на YT што секако допринело за дополнителна промоција на филмот
Една работа сепак не може да се промени. Во САД велат дека почетниот викенд е многу битен, не дај боже да се погоди многу убав ден па никој да не сака да оди во кино. Тогаш целиот труд може да ви биде за џабе