Хулио д Наци

 

Пролетери од сите страни – обединете се и пазете што слушате.

Пред триесетина години или поточно 1985 година, Украина водеше една поинаква битка од оваа денешната. На страна Студената војна, подмладокот на Комунистичката партија повеќе го загрижуваа еротизмот на Дона Самер и насилството кое го пропагираа „Scorpion“.

Во официјален документ, Комсомолот препорачува во јавно организираните забави да се забрани  музиката на 38 музички групи и изведувачи , кои според нив пропагираат насилство, секс, садизам и антисоветска пропаганда.

Во списокот полн со имиња како Тина Тарнер (не поради фризурата!), „Sex pistols“ и AC/DС, се најде и Хулио Иглесиас. Причината зошто е несоодветен – неофашизмот во неговите песни.

dirty_list2

Што го прави Хулио наци? Проверете сами