И Маленко има своја партија
Во време на предизборната кампања, и познатите личности кај нас „основаа свои партии“. Жаре на интересен начин ги објасни нивните скратеници, уште на крајот од јануари оваа година.
Како би се викала партијата на Александар Маленко ако би ја имал? ЖЕНА- Жестоко Европска Национална Алијанса. Слоганот би бил едноставен: Време е за развод!
Демократски Национален Конгрес, или ДНК, е партијата на Панчо и на Андреј од ДНК. Нивните предизборни ветувања би биле едноставни и конкретни: Ќе нема невработеност, ќе нема и коса.
На видеото, видете кои други наши познати личности имаат партии и кои ветувања ги нудат.