Идеален стан – атрактивна локација

Кога купувате стан, покрај квалитетот и квадратурата, важна е и локацијата. А што велите на три работи во едно? Квалитет, идеална квадратура и атрактивна локација.

Токму тоа има да го понуди градежната компанија Golden Art. Точно за една година ќе можете да се вселите во вашиот идеален стан во населбата Карпош.

Идеално за младите брачни парови, бабата и дедото кои бараат стан за да ги остават младите да уживаат во интимност и приватност или млади и успешни луѓе кои сакаат да бидат независни и да уживаат во својата слобода. Одлично мало станче кое ги задоволува вашите критериуми и фасцинира со неговата едноставност, функционалност и одличен распоред. Убавите работи навистина доаѓаат во мали пакувања, станов е вистинско мало богатство од 38 метри квадратни.

karpos_38

За оние кои сакаат поголем простор и им е потребно повеќе место, дозволете ни да Ве заведеме со идеална квадратура на стан со пространа дневна соба, спална соба и уште две детски соби за вашите најмили никогаш повеќе да не се расправаат кој да игра на комјутерот, а кој да пишува домашна во мир и тишина. Погледнете го овој идеален распоред на стан од 69 метри квадратни:

karpos_69

Изборот кој го нуди градежната компанија Golden Art има за секого по нешто. Сместени на најдобрите локации во Скопје, нивната понуда вклучува станови во кои највнимателно и функционално е поставена секоја соба, со цел да го исполнат секое Ваше барање и овозможување максимален број на соби. Може да бидете сигурни дека правилно сте ги вложиле Вашите пари.

И тоа не е сè! Доколку сте несигурни околу изборот на мебел за уште подобро искористување на вашиот просторот, одете право во Golden Art на консултација со некој од нивите архитекти. Ќе Ви дадат предлози и просторни решенија на секоја Ваша дилема, а доколку сепак сакате да го ангажирате уметникот во себе, блогот на веб-страната www.goldenart.mk и  Facebook фан страната  ќе Ве снабдат со секојдневна инспирација и најнови информации!

Се чини дека квалитетот и функционалноста сепак не мора да му наштетат на џебот!