Идеалниот дом доби ново име – GOLDEN ART

Скопје ги отвори вратите на еден од најсовремените објекти за домување. Изградена од вештите раце на тимот од Golden Art, оваа зграда претставува нов дом за околу 90 семејства.

Становите имаат идеално распоредена квадратура, а објектот е изграден исклучиво од најквалитетните материјали на пазарот од производители како Rehau, Ideal Standard Dolomiti, Baumit, Boen и многу други. Со природен и безбеден малтер, најквалитетен скандинавски дабов под, максимална термичка, звучна и хидроизолација, како и најквалитетна безбедносна влезна врата која во случај на пожар ќе Ве заштити и до 30 минути. Домаќински, нема што!

11

22

 

3

Во свеченото доделување на клучевите учествуваше и водителот на ток шоуто “Еден на Еден” Жарко Димитриоски, кој вешто ја зачини атмосферата на коктел-забавата, а добредојде на среќните станари им посака извршниот тим на Golden Art.

Извршниот директор на Golden Art, Ивица Јакимовски, најави уште еден новитет за станарите – „Во склоп на објектот до крај на годинава ќе стартува со работа и маркет од брендот Ramstore. Сакаме максимално да го олесниме Вашето секојдневие,  а целта ни е да продолжиме со исполнување на вашите очекувања за домови од соништата.“

44

55

„Чест ми е што ја добивме Вашата доверба и посакувам да имате само убави моменти во Вашите нови домови. Што се однесува до нас, ќе дадеме сè од себе – не да го задржиме, туку да го надградиме и подобриме квалитетот !“ – вели Роберт Јакимовски, технички директор на компанијата.

На компанијата и посакуваме среќа за 10-годишниот јубилеј, а на сите кои сте во потрага по Вашиот иден дом, препорака  да си закажете состанок со агентите на Golden Art.