Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева и Златните славејчиња
Ракометарките на ЖРК Вардар го започнуваат походот кон фајнл форот на Лигата на шампионите на 2. февруари. Претседателот и тренер на клубот, Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ гостуваат во новата епизода од Еден на Еден. Во емисијата најпознатите македонски ракометарки зборуваат за газдата на клубот, познатиот Сергеј Самсоненко, нетипичниот приод на Индира како тренер како и за интересниот муабет меѓу Сергеј и Гордана за тоа колку време е потребно за Вардар да стане најдобар клуб во Европа и светот. Потоа погледнете ги Златните Славејчиња кои ќе изведат неколку песни со Жаре. Секако тука е и Гига Мега и многу други интересни работи.