Интервју со Дедо Мраз: Што ќе добијат познатите македонци од Дедо Мраз за нова година?
Верувале или не, успеавме да стапиме во контакт со Дедо Мраз! Симпатичниот дедо ни одговори на сите наши прашања и ни напиша листа на работи кои што ќе ги даде како подарок на познатите македонци! 😀
Ги пренесуваме зборовите на Дедо Мраз во целост:
На Марјана за Нова Година ќе и дадам поклон облека, пошто секоја година и оставам облека под дрво и цело време изгледа како некој да и ја зема облеката…
На Каролина ќе и дадам разводни документи, бидејќи откако се омажи жената ниту една шега не и направивте во 1на1…
На Даниел Кајмакоски после толку многу испеани песни ќе му дадам еден албум…..албум со само лепливи сликички – Сите песни на Даниел Кајмакоски. Албумот ќе има две сликички
На Драган Вучиќ…..ништо нема да му подарам, он мене ќе ми даде сокчиња и брашно па јас ќе ги давам на децата, не знам дали знаеш ама јас сите пакетчиња од Драган Вучиќ ги добивам.
На Џаро ќе му дадам….тикет еден….ме падна Реал Мадрид пред две недели….па ќе му го дадам тикетот да ми објасни како тоа Реал изгуби? Можда он ја наместил…
На Ноне ќе и дадам…на Ноне…што беа стереотипните шеги за Ноне? Дека е ниска? Ма не бе… досадно е тоа….пак ќе правиме заебанции за Ноне дека е ниска? Не тоа… Ноне е пејачка! На Ноне ќе и дадам нешто што е поврзано со музика!
Ќе и дадам една скала. Музичка де…
На Владо Јаневски ќе му дадам Гуд Нејчр чајче поради тоа што е поздраво од Црно Тиквешко..он цел живот на вино и после ќе го снема од сцената…е тоа е..да пиеше чајче и по спотови ќе се појавуваше човекот..
Хмм… кој друг? Еве Марјан… Хммм… што да му донесам на Марјан Стојановски кога ненајавено у оџак ќе му се пикнам…
А ДА! МИ ТЕКНА! За Марјан…мислам дека е време да се разведат…
Да. Време е да се разведат.
Време е веѓите да му се разведат.
Што? Ме прашуваш зошто не спомнав политичари? Човек…ти не знаеш кој сум јас изгледа….јас сум Дедо Мраз………….а Дедо Мраз дава подароци само на добри деца што не правеле глупости цела година!
И плус….пред неколку години бев….сакав да им оставам подароци у Собрание….кога ме фатија сите поклони ми ги земаа, цела облека ми ја земаа, по гаќи ме оставија… ене го Амди Бајрам уште ми го носи капутот што ми го зема…