Интервју со Гаро Тавитјан: Бебек дојде во Скопје на една ноќ, неговите дома не забележаа дека го нема
Не случајно, светска компанија за производство на палки за тапани Vic Firth, го избра токму нашиот Гаро Тавитјан да стане нивно заштитно лице. Со ова, Гаро се впиша во листата на многу негови колеги музичари код целиот свет кои ги рекламираат овие палици. Гаро, иако секогаш скромен и релативно повлечен од јавноста, има приказни и анегдоти за кои може книга да се напише. За настапите во престижниот Карнеги Хол, за соработката со најголемите екс југословенски ѕвезди и дружбата со нив, за своите најголеми идоли, таткото Гарабет Тавитјан и брат му Диран, Гаро зборува во ова интервју.
1на1- Пандемијата што ја предизвика коронавирусот ни донесе страв и нервоза, но некои музичари велат дека во овој период биле поинспирирани и имале повеќе време за творење, дали е тоа случај и со вас?
Гаро: Неизвесноста беше огромна од здраствен аспект во првиот бран од пандемијата и секако дека тоа не возбуди. Буквално сите но ние константно и за време на карантинот продуцираме и креираме композиции, всушност подлабока е материјата бидејки јас веќе сум 3 години во реализирање и снимање на соло проект каде сум изведувач на неколку инструменти, ја распишував музиката на партитури (доста предизвикувачки проект од хармонски и изведувачки аспект) ја продуцирам во нашето студио и поканив многу влијателни светски имиња и неколку Греми артисти од областа на сериозната музика, исто така и брат ми Диран Тавитјан кој работи на еден проект кој исто од интернационален карактер, се работи за авангардни проекти кои ке бидат објавено под капата на светската Mezzo продукција.
1на1- Aлбумите „Македонското срце чука во 7/8“ 1 и 2 ги работевте со најголемите екс југословенски ѕвезди, која најинтересната случка од времето на тие снимања и дружења?
Гаро- Да, па тој проект одзема квалитетно време од аспект на музичка изведба, аранжманскиот дел, продукциски дел , извршување на договори и преговори како и менаџирање на 20 елитни изведувачи што ние семејно го изведовме како и снимање на 10 спотови. Јас и Диран бевме логистичка подршка и идејниот тим, тимот кој ги реализираше сите завршни подготовки, музичкиот дел како и маркетинг кампањата. Меѓу поинтересните случки беше кога дојде Жељко Бебек на снимање спот со нас во Скопје. Тој пристигна попладне околу 6, за веднаш да продолжиме на снимањето кое траеше до 4 изутрина. Тој истото утро, веднаш по снимањето имаше повратен лет за Загреб па се шегувавме да завршиме со спотот и тој да стигне да ги однесе децата во школо пред да се разбудат и да приметат дека го нема (што и навистина се случи). Оливер Драгојевиќ обожаваше џез музика и особено му се допаѓаа нашите џез проекти (Тавитјан Брадерс), зборувавме со него за џез легендата Чарли Паркер и Колтрејн, па тој подоцна при секое негово концертно доаѓање во Скопје нè канеше како негови музички гости.
Во проектот многу интересни анегдоти и моменти имавме и со Јосипа , Бреговиќ, Томашевиќ, Аки и Тереза Кесовија.
Тој проект заврши дури на 6 изданија од Кроација Рекордс со се сите компилации и официјалното издание и во целиот процес од 10 години имаше безброј анегдоти.
1на1- Еден од вашите добри пријатели е и Раде Шербеџија, како изгледаат боемските дружби и соработката со него?
Интересни моменти има и со Раде Шербеџија (на неговиот најнов албум изработивме 4 композиции јас и Диран) кој на секој негов концерт каде гостувавме исклучиво бараше да настапиме со наша џез композиција каде изобилуваат импровизации и често знае да ни каже на концерт ‘’одсвирајтете ваше апокалипсе ‘’, но секако и тој е дел од проектот „Македонско срце“ со кој снимавме спот во термин од само 1 час, рекордно брзо снимено видео, кога дојде шминкер да му стави пудра, тој кажа: ‘’Молим вас, мене плачају да изгледам како изгледам овако без шминке’’. Ни раскажуваше и многу анегдоти од Холивудските искуства.
1на1- Патувавте секаде низ светот, имавте концерт во и во Карнеги Хол, кои места и случки приватно никогаш нема да ги заборавиш?
Гаро- Да, имавме распродадени концерти во Њујорк во Карнеги Хол и Блу Ноут кои се не многу познати локации за лугето од наши простори, но всушност тоа е светскиот репер (врв) и се најважните локалитети со кој добивате културна потврда дека сте високо рангиран и релевантен музички артист во светот (еквивалентно на Оскар или биенале во Венеција), имавме привилегија да ги наполниме тие сали и патувавме многу , бидејќи е невозможно да се објасни (и нескромно) што се се доживува на пат низ разни земји, со кои сè луѓе имаме контакт и соработки , какви концерти и лични доживувања имавме , настапувавме со многу Американски легенди и решивме да го изработиме тоа на еден документарец исклучиво за Американски и Европски пласман и емитување со превод на неколку јазици. Имаме архива од преку 200 концерти во странство во најпрестижните сали, на видео, се тоа ке употребиме . Би ги издвоил Америка ,Швајцарија, Англија , Норвешка,Франција,Ерменија,Словенија,Бугарија, Албанија,Хрватска,Србија, Германија ,Полска, Грција и Италија како најавпечатливи во нашата измината музичка кариера.За Америка и нашата агенда, таму ќе одвоиме посебен дел бидејќи тоа ми е најомилена земја и најважна за мојата кариера, сега сум и дел од светските Американски компании Vic Firth и Zildjian, како артист и соработник. Едните произведоа палици мој модел во истата компанија се и Чарли Вотс од Rolling Stones, Нико Мек Бреин од Iron Mayden и сите светски познати.
Милица Џаровска