Извонредни гости во Еден на Еден специјалот

 

Еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД, Мајк Зафировски, во новиот специјал на „Еден на Еден“ со Жаре зборува за неговите први сеќавања за Македонија и Југославија, за тоа како бил пречекан првиот пат во Америка и што се може да се научи од нивниот начин на водење на бизнис.

Него му прават друштво и две извонредни жени. Сопругата на НБА ѕвездата Владе Дивац, Ана Дивац, која реши дека не сака да биде само домаќинка и сопруга на кошаркар, туку и да го работи и добро да заработува од она што го сака. Покрај одличните совети за младите на Балканот, Дивац зборува и за нејзините дружби со славните холивудски ѕвезди.

Третата гостинка е млада активистка од Јужна Африка, која својата кариера ја започнува од 15 години, време кога дури и лажела за својата возраст. Кетрин Константинидис, која исто така е и некогашна мис на Јужна Африка, ја споделува својата приказна колку еден идол, во нејзиниот случај Нелсон Мендела, може да влијае да го пронајдете вистинскиот начин на размислување.

Покрај сите бесценети совети и мотивација кои гостите ги споделуваат во овој „Еден на Еден“ специјал, сите се согласуваат во едно – дека не треба да имаш многу за да промениш нешто во својот живот или во околината во која живееш.

Мајк Зафировски, Ана Дивац и Кетрин Константинидес беа дел од самитот „Македонија 2025“, на кој голем број на врвни говорници од над 20 земји ги споделуваа своите искуства, совети и помош за развој на локалната економија.

Не го пропуштајте „Еден на Еден“ специјалот во недела од 18:30 на Канал 5.