Јанко Илковски, Дубиоза Колектив и Жаре бербер
Јанко Јади Бурек, Жаре Бербер и Дубиоза Колектив кои од Сараево допатуваа во студиото на Еден на Еден. Комбинација која секако побуди голем интерес кај публиката и комбинација која се покажа одлична за шоуто.
Прв гостин беше Јанко Илковски, човекот кој секој ден можеме да го гледаме на телевизија и човекот кој може да го сакате или мразите, но не можете да негирате дека успева да се одржи на овој пазар исклучително многу време. Јанко отворено зборуваше за тоа дали е во координација со Мирка и Миленко и дали креира некакви политики во државава, како и тоа дали мисли дека заработува доволно. Во емисијата ја промовира и неговата нова радио емисија која ќе ја води со сопругата на 96.0. Лидија Илковска беше исто така дел од емисијата.
Ѕвездите на вечерта беа Дубиоза Колектив, т.е. нивните двајца членови Брано Јакубиќ и Ведран Мујагиќ, луѓето кои се задолжени да бидат пртпароли на познатиот состав. Како што и самите велат, Дубиоза е бенд кој повеќе гостува во дневници и политички емисии отколку во музички шоуа, односно таму каде што припаѓаат. Откриваат доста работи за тоа како фунционира бендот и за тоа како тие гледаат на Босна и Македонија и се она што се случува на Балканот.
Жаре Бербер иако последен, воопшто не беше и неинтересен. Покажа дека има супер интересно хоби, собирање на таблици од возила од целиот свет. А ги има преку 300. Една од нив, за која биле платени 40.000 долари од нашинец на кој не му го откри името, остана во студито на Еден на Еден како подарок за Жаре. Тие 40.000 долари всушност биле донација за детската фондација на Доналд Трамп.