Како би реагирале Македонците ако некој им каже дека има СИДА?
Денеска е денот на сидата. По тој повод екипата на #1на1 направи анализа, како би изреагирале Македонците ако нивниот продавач им каже дека е ХИВ Позитивен:
-Гајле ми е за тебе, кажи леб дали имаш..
-Позитивен а? Блазе си ти, ја уште сум песимист ама..ако само позитивно!
-ХИВ? Тоа некоја нова партија на Сорос а?
-Ама види..ја не те прашав тоа..те прашав што мислиш дали Путин ќе им влезе на украинциве?
-Еј стварно? Имав една женска истово го имаше. Еднаш имавме секс и после не ја видов. А и уште не научив што е тоа ХИВ…
-ХИВ? Добар бенд. Лани на Егзит да не беа?
-Ех, децава деновиве…ХИВ имале…големо чудо..ја на ваши години сифилис имав…ништо не знаете да направите како што треба оваа генерација..