Како звучи „Црно тиквешко“ испеана на музиката од „Кучка неверна“?
Човекот кој стои позади најкултните хитови на „Куку Леле“ и „Ластовица“, како и голем дел од македонската музичка историја во недела го гледаме во „Еден на Еден“.
Композиторот Роберт Саздов зборува за времето кога заедно со Владо Јаневски, а подоцна и со Панки, ги освојуваа топ-листите.
Како звучи „Црно тиквешко“ испеана на музиката од „Кучка неверна“ или од каде се оние масерки во спотот на „Пушиме“? За Тајланд, Рио, патувањата и сниимањата низ светот, како и новиот албум на „Куку леле“ кој наскоро излегува во продажба.
Не го пропуштајте едночасовното гостување на Роберт Саздов кај Жарко Димитриоски. „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на „Канал 5“.