Каков човек си според членската што ја имаш?
Конечно единственото нешто што може да го процени твојот карактер подобро од хороскоп, фејсбук тест или тарот карти со Сабина!
СДСМ – Нема зафрканција со тебе. Секогаш си таму кај што има прилика за ќар и не оставаш ништо на случајноста. Браво за тебе!
ВМРО – Најверојатно имаш тетоважа “JNA” “Vesna volim te” и “GRUJO DO GROB!”
ДУИ – Ти си човек што се грижи за својата и иднината на својата фамилија. Сигурно ќе останеш на власт во следните 1000 години кога Република НовоРоботска Македонија v 2.0 се уште ќе има избор да гласа помеѓу холографот на Никола Груевски и роботски подобрениот лидер на СДСМ во своето трето издание – 3.0 ран 3-аев
ДПА – Последен пат си се замарал со политика на почетокот на овој век. Да знаеше дека постои ДУИ до сега ќе сменеше книшка. Ама ти си знаеш.
ДОМ – И ти не се замараш со политика. Сакаш да си штосен и си се зачленил во партијата бидеќи сепак “сите патишта водат КОН ДОМ” што воедно е мотото на партијата и поради тоа ти дале кондом заедно со членската.
Демократски Сојуз – Оооо господине Павле Трајанов? Па и вие ли ја читате статијава? Како во партија? Осамено а? Тоа е, кај и да е некој по грешка ќе се зачлени.