„Клавајте голови“ се покажа како најдобра ракометна тактика!?
Македонија како 5то пласирана во втората групна фаза од европското првенство го заврши својот настап на првенството. И покрај големите очекувања како и на претходното светско првенство, така и на ова европско не се повтори успехот од пред 4 години кога македонските ракометари дојдоа до досега најуспешното 5то место. Кире Лазаров повторно беше најдобар поединец кај нашите репрезентативци, а сигурно ќе беше и најдобар стрелец на првенството доколку Македонија продолжеше понатаму. Тактиките на новиот тренер, искускиот Ивица Обрван очигледно не беа доволно добри, па повторно се поставува прашањето: каде ќе ја бараме вината? На крај на оваа голгота, човекот кој го постигна најголемиот успех со македонската репрезентација прашува: