Кој ги облекува олимпијците?
Олимпијадата на големо тече, впрочем уште малку и ќе заврши. Отварањето беше спектакуларно, затварањето сигурно ќе биде уште подобро.
Дали знаете кој ги облекува олимпијците ?
Ралф Лорен за САД. Во 2012 беше откриено дека униформите се произведени во Кина и од тоа американците направија голем скандал. Одтогаш наводно униформите се произведуваат на домашен терен.
Лакост за Франција. Интересно за прв пат по 1968 овој бренд го облекува целиот тим.
H&M за Шведска. За разлика од американците Швеѓаните немаа проблем да кажат дека униформите се произведуваат со осум други држави освен во Шведска.
Русите очекувано си најдоа домашна фирма, впрочем ќе беше чудно доколку беше поинаку. Боско ги облекува руските спортисти.