Летаа флаши и чаши во Охрид!
Бевме дел од реализацијата на Vigor barmen cup 2014. Се одржаа два големи натпревари, во класично правење коктели и во “флер”, она поатрактивното, со жонглирање чаши и шишиња, танцување, палење работи околу себе и што не… Најдобрите во двете категории добија по 500 евра, второпласираните по 300 евра, а третопласираните заработија по 200 евра. На здравје!