Мајмунчињата закачени, пивата оладени – почна „Пивофест 2016“

Уште на самиот влез на Прилеп го почувствувавме мирисот на скарите кои од утрово се распалуваат. Камионите ги пополнуваат и последните залихи на штандовите, a персоналот ја прави последната пауза пред целосно да заборави на одморот до понеделник.

Традиционалните мајмунчиња се закачени по жиците, пивото е спремно за точење – Почнува „Пивофест 2016“!
Екипата на „Еден на еден“, како дел од организацијата, во следните четири дена ќе биде дел од најголемиот фестивал на пивото и на скарата во регионот. Жаре заедно со Марјана, и годинава се домаќини на сцената.
Први кои добија добредојде се Романците од групата „Fly project“. Пејачот Тудор Јонеску на денешната прес-конференција, за вечерва најави журка каква што Македонија до сега не видела.

3

– Добра земјасе познава по храната и по кафето, а македонските храна и кафе се факинг неверојатни – рече Јонеску, кој на својата рајдер-листа како задолжително побара да пие турско кафе.

Облечен во дебел дуксер во најтоплиот ден од летото, Тудор од Жаре го доби прашањето кое сите сакаа да му го постават – добро, бе, не ти е жешко?

– Не, затоа што сум дебел – рече тој.

Покрај „Fly project“, чија „Musica“ не може а да не сте ја чуле, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ ( Raphael), како и„ Тропико Бенд“.

5

Сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.

Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.

Во Прилеп може да дојдете и со воз, бидејјќи се пуштени неколку вонредни линии на релација Скопје – Прилеп, а најдобро ќе поминат оние до 27 години, бидејќи за нив картата е бесплатна.

4
6
8
2
1
5