Марјиан Ѓорѓиевски: Имав стендап на пазар, меѓу тезги
Каде сè може да се прави стендап? Не е правило дека тоа мора да е театар, или некоја сала или клуб или студио. Тоа најдобро го знае нашиот следен гостин во Еден на Еден, Маријан Ѓорѓиевски.
Едно од необичните места каде што имал стендап е на фудбалски турнир во Удово. Маријан во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе раскаже како настапил по турнирот во мал фудбал на стадион.
И не само таму. Мац вели дека прифаќал покани за настап во сите места каде што има поштенски број. „Еднаш имав стендап на пазар во Струмица, меѓу тезгите. Доматите и пиперките на тезгите беа покриени“, му раскажа Маријан на Жаре. За сите необични места каде што ги смеел луѓето и уште многу други приказни на познатиот комичар ќе слушнеме во недела во Еден на Еден.