МОНТ ЕВЕРЕСТ И БАЛКАН ВО НОВАТА ЕПИЗОДА ОД ЕДЕН НА ЕДЕН
Еден на Еден се враќа во етерот. По паузата од една недела и прикажувањето на скратеното издание од извонредниот Балкан Стенд Ап 4 фестивал, оваа недела ќе гледаме исклучително интересна премиерна епизода.
Тијана Дапчевиќ доаѓа да раскаже за нејзиниот живот во Србија, дружбите со Лепа Брена, Цеца, анегдотите со Харис Џиновиќ и останатите познати балкански пејачи… Ќе зборува и за тоа дека еден од најпознатите кошаркарски тренери во Европа, Душан Ивковиќ е кум на нејзиниот син Вук, па притоа ќе откире и многу интересни детали околу Дуда.
Илина Арсова пак, од прва рака ќе ни открие се за тоа како се стигнува до највиокиот врв на светот, Монт Еверест. Што се прави на 8.000 метри, како се оди во тоалет, како се справува со мртвите тела кои лежат замрзнати на секој чекор… Ќе дознаеме и дека таа е голема авантуристка која на 19 години неколкупати била со автостоп дури до Турција, дека љубовта кон нејзиното момче Илија било пресудна за некои од најголеми алпинистички подвизи итн.
Гледајте Еден на Еден оваа недела во 19.10h на Алфа тв