Може ли локалната продукција да ги заинтересира гледачите?

Доколку сакате да бидете сведоци на интересни дискусии за најновите достигнувања и трендови во меѓународната, регионалната и локалната телевизиска индустрија, веќе сте ја обезбедиле вашетата значка за присуство на најголемиот регионален настан посветен на ТВ-индустријата во Централна и Источна Европа, кој се одржува шестта година по ред во Дубровник меѓу 11 и 14 јуни.

Конференцијата New Europe Market, која ги обединува најистакнатите експерти во телевизијата и медиумите, ја откри темата на првата панел-дискусија насловена како „Трагајќи по публиката: Може ли локалното производство да направи разлика?“. Главното прашање со кое се соочуваат панелистите е дали е можно да се зголеми рејтингот на јавното телевизиско гледање со локално произведена содржина.

Дали содржината е тајната состојка која ќе ги задржи гледачите на слободните канали?

Иако слободните канали (FTA channels) остануваат најпопуларни и најгледани, тие се соочуваат со предизвикот да ги задржат своите гледачи преку обезбедување на квалитетна содржина и програма. Од друга страна, оние кои повеќе сакаат канали на претплата, сметаат дека видеата on demand се единствениот начин да се задржат гледачите кои се во тек со трендовите, без оглед на уделот на локално и јавно достапното производство.

Првата панел дискусија во Дубровник ќе биде модерирана од Гин Акуз, уредник за истражувања од C21 Media, реномираната меѓународна публикација посветена на телевизиската индустрија.

Оние што ќе ја одржат дискусијата интригантна и динамична се Матијас Сетеле, генерален директор на ТВ Маркиза од Словачка; Јан Макса, директор за развој на програми и формати на Чешката телевизија; Хенинг Тевис, извршен директор на РТЛ Хрватска; Казимир Бачиќ, генерален директор на Хрватската радиотелевизија; Габриела Викус, извршен директор на РТЛ Унгарија и Пит Смит, генерален директор на Антена Интернационал.

Запознајте го клучниот играч во меѓународниот медиумски бизнис

Еден од почитуваните панелисти, Пит Смит, управен директор на Antenna International, кој исто така ја предводи европската мрежа на Антена, во изминатите неколку години ја фокусираше неговата работа на брзиот раст на медиумите во Источна Европа, како и во инвестирање во содржини и дигитални компании.

  • Бидејќи се појавуваат нови платформи, кои вклучуваат уникатни и автохтони содржини, навистина верувам дека влегуваме во златната доба на производство на локални содржини – вели Смит за првата панел дискусија на овогодинешниот НЕМ.

 

 

Годинава на шестото по ред издание, НЕМ ќе биде домаќин на многу реномирани експерти со неизмеримо искуство во светот на медиумите. Покрај панелите, пазарот и проекциите, од 11 и 14 јуни во Дубровник сите гости ќе уживаат во традиционалните забави и неформалните состаноци. Букирајте го вашето присуство денес на www.neweumarket.com.