Најпребирливата и најискрена публика
Како децата реагираат на плејадата на апликации за учење и забава? Дали тие се построги од возрасните и дали телевизиската индустрија треба да остане во чекор со најновите трендови во кои, според експертите, VOD (Video On Demand) е многу подобар? Ова се некои од прашањата кои ќе се разгледуваат на НЕМ 2018, кој ќе се одржи во Дубровник од 11 до 14 јуни.
Децата не се плашат да кажат дали им се допаѓа нешто или не, па затоа е неопходно да се направи разлика помеѓу возрасните конзумери на медиумски содржини и децата. Содржината наменета за деца мора да понуди висок степен на забава, поради нивната ниска толеранција кон досада. Визуелниот идентитет е исто така многу важен бидејќи ја поттикнува детската љубопитност и ги мотивира да гледаат одредена содржина или да користат одредена апликација.
Мора да имаме на ум дека денешните деца пораснаа со дигитални медиуми, со мобилен телефон во рака, како што многумина би рекле. Тие се љубопитни по природа и сакаат да учат, а учат преку секојдневната игра на дигиталните медиуми кои нудат бројни можности за таа активност.
Да се разберат „малите шефови“
На панелот „Мали шефови: Детски барања“, модериран од Тим Весткот, директор за истражување и анализа на програмскиот тим на IHS пазар, ќе се дискутира за искуствата на медиумската потрошувачка кај децата.
- Со нетрпение очекувам за првпат да присуствувам на НЕМ во прекрасниот Дубровник. За помладите гледачи, линеарните телевизиски канали се само дел од нивната медиумска потрошувачка. Ќе се обидам да дознаам како провајдерите на содржини се приближуваат кон оваа публика од одлична постава на говорници, вклучувајќи и еден од главните светски детски забавни брендови, еден од пионерите на SVoD за деца – вели Весткот, кој се осврнува на следниве говорници: Николас Волтерс, основач на ТВ Хопстер, Даниел Резка, потпретседател на новите и млади брендови во регионот на ЦИЕ, Виаком (односно Никелодеон) и Силвија Маскек, шеф на Детски канали, AMC Networks International.
Интерактивно учење преку забава
Родителите едноставно обожаваат апликации преку кои нивните деца можат да учат преку игра. Ако апликацијата нуди интерактивно учење преку забава, лесна е за користење, има атрактивен дизајн и не ги малтретира децата со реклами – тогаш е голем успех. Таква апликација беше развиена од страна на панелистот Николас Волтерс, извршен директор и основач на Hopster, апликација за деца од предучилишна возраст.
- Ова е време на масовни промени во содржината и медиумската индустрија, поттикнати од најмладите потрошувачи. Повеќе од една третина од децата под 5 години поседуваат лична технологија, па промената од пасивната линеарна телевизија до интерактивни SVOD апликации, како Hopster, никогаш не била поголема. Возбуден сум што ќе разговарам за овој тренд со лицата кои стојат позади водечките детски забавни платформи во Централна и Источна Европа, на највозбудливиот телевизиски настан во регионот – вели рече Волтерс, кој на НЕМ ќе зборува за тоа каков ефект има неговата платформа полна со песни, телевизиски емисии, едукативни игри, сликовници и материјали за учење врз децата.
Сместувањето е веќе распродадено
Бројни интересни панели, бизнис дружење и уште многу многу настани ве очекуваат на НЕМ 2018. Придружете ни се во Дубровник и побрзајте со пријавувањето. Повеќе онформации на официјалниот вебсајт на НЕМ: http://neweumarket.com/