НАСМЕВНИ СЕ, НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ, АЈДЕ НА ЗДРАВЈЕ СКОПЈЕ!

По 4ти пат се одржа фестивалот кој и дефинитивно се зацврсти како најголемиот стенд ап евент на Балканот. Сковин Балкан Стенд Ап 4 и овојпат на ниво на задачата. 2500 посетители беа дел од фантастичното тричасовно шоу во Експо Центарот на настанот кој беше распродаден неколку дена однапред.

bsup4 (49 of 426)

“Им благодариме на сите што дојдоа. Неизмерно сме благодарни што од година во година има се поголем интерес за овој настан. Публиката го сака Балкан Стенд Ап, а одзивот што го дадоа годинава беше извонреден. Огромна благодарност до сите љубители на квалитетната стенд ап комедија” – рече Жарко Димитриоски, домаќинот на настанот, познат по своето тв шоу Еден на Еден.

Игор Џамбазов и оваа година го отвори фестивалот. Овојпат со мала промена, настапи како неговото алтер его – Сељакот. Во “сељачки” стил пукна по македонската јавна сцена, а воопшто не беше поштеден и г-динот Џамбазов.

Следуваше тројката гости од странство – Срѓан Динчиќ, Александар Перишиќ и Неша Бриџис. Организаторите и овојпат направија врвен избор на странци кои покажаа дека си ја завршиле својата домашна работа, па во репертоарот можеше да се слушнат и многу шеги поврзани со македонското секојдневие. Највеќе на мета беше маглата која никако да се крене од главниот град.

bsup4 (23 of 426) bsup4 (87 of 426) bsup4 (261 of 426)

И како ова да не беше доволно, буквално да ја измачи публиката од смеење дојде Марјан Ѓорѓиевски. Со сосема нов материјал, збогатен со досега неиспробани и непрезентирани звучни ефекти, Марјан буквално растури! Смеата ечеше во Експо Центар, а Марјан стануваше се подобар. Неговиот настап од околу 40 минути заслужено беше оценет како најдобар.

Изненадувањето на вечерта се остави за крај. За прв пат по 20 години на телевизија, публиката конечно во живо го гледаше и Бубо Каров од легендите К-15. Во негов стил, Бубо се шеташе на сцената, раскажуваше разни животни случки, заедно со Жаре испеаја неколку песни и се покажа како сосема добар дебитант на одличниот 4ти по ред Балкан Стенд Ап фестивал.

Изморени од смеење, публиката си замина дома со исклучително позитивно расположение, и со желба што поскоро да бидат повторно почестени со ваков прекрасен настан.

bsup4 (138 of 426) bsup4 (424 of 426)