Нема бука ни галама дур јадев салама: Нова песна за Ахмети
Како Заев и Мицкоски би го шармирале Али Ахмети со песна? Ама песна од Ристо Самарџиев. Жаре и бендот на Гуру Харе го знаат одговорот.
Во минатата емисија, тие направија специјален кавер на хитот на Самарџиев, „А ти“, кој во новата верзија се вика „Шармирање на Али Ахмети“.
„Нема бука ни галама дур јадев јас салама, реков ќе ти јавам вечерва“, вели „Заев“ во својот дел од стиховите. „Фотелјата е врела и сум збунет, ама така треба“, одговара во свјот дел од песната „Мицкоски“.
„ Али, Али важен си за сѐ, и тоа што сакам цензус, јас во Влада бре“ , е рефренот на новиот хит. На линкот, слушнете ја целата песна за убаво расположение.